Galaxy S24 ќе добие тотално нов дизајн, Samsung го зеде дизајнерот од Mercedes-Benz!
Објавено на 31.12.2022 во Новости
Samsung направи чекор напред во дизајнот на своите телефони, со оглед на тоа што го вработи Хуберт Х. Ли, претходниот Шеф за дизајн во Mercedes-Benz - Кина. Mercedes е познат по своите луксузни возила со децении.
Се разбира, со Galaxy S23 е завршена работата, но за Galaxy S24 се очекува драстично различен дизајн под надзорот на Хуберт Х. Ли. Samsung веќе лансираше лимитирана серија на Galaxy S22 Ultra со Mercedes-тема, што беше ексклузивно достапен само за Јужна Кореја. Ли ја зазема позицијата на Заменик извршен директор и Шеф на MX (Mobile eXperience) во Samsung.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.