Следниот HomePod на Apple ќе биде поголем и пристигнува во 2023

Објавено на 22.01.2023 во iOs



Следниот HomePod на Apple ќе биде поголем и пристигнува во 2023

Следната HomePod верзија на Apple наводно излегува наскоро, но нема никакви официјални податоци. Марк Гурман открива дека поголем HomePod излегува оваа година.

Првата генерација на HomePod ја здогледа светлоста на денот во 2018 година, кој може да се поврзува со други уреди. Новиот смарт звучник од 2023 година со Siri, не се очекува да донесе ништо револуционерно, но може да чини помалку од неговиот предвесник, во обид да се натпреварува против Amazon Echo и Google Nest.