Саудиска Арабија го претстави првиот робот што зборува арапски

Објавено на 13.02.2023 во Новости



Саудиска Арабија го претстави првиот робот што зборува арапски

Саудиска Арабија беше првата земја што му/и додели државјанство на роботот Sophia. Sophia го воодушеви светот со својот разговор и начинот на размислување за актуелните настани и лицата.

Сега е моментот кога Саудиска Арабија ја претстави својата верзија на робот - Sara. Sara е првиот робот што зборува арапски и игра локални танци. Настанала како резултат на компанијата Saudi Digital и Qss Company, а претставена е на конференцијата LEAP 2023, одржана во Riyadh. Sara има вештачка интелигенција и камера, која што проценува колку далеку стојат лицата од роботот.