iPhone 14 Plus се продава многу подобро од iPhone 13 mini

Објавено на 21.03.2023 во iOs



iPhone 14 Plus се продава многу подобро од iPhone 13 mini

Поминаа 7 месеци од претставувањето на iPhone 14 серијата, која што дебитираше во септември минатата година. Еден период имаше контроверзии дали Apple да го замени iPhone 13 mini со iPhone 14 Plus. Компанијата го реализираше тоа и сега не се кае, затоа што овој модел растура.

Display Supply Chain Consultants (DSCC) објави дека доставата на iPhone 14 серијата е прилично голема, затоа што iPhone 14 линијата е многу повеќе популарна од претходната, со 2% зголемување на цифрите. Pro iPhone моделите продолжуваат да ги надминуваат поевтините телефони со продажбата. iPhone 14 Plus се продава за 59% повеќе во споредба со iPhone 13 mini