Паднал од карпа со автомобилот, iPhone му го спасил животот

Објавено на 25.07.2023 во iOs



Паднал од карпа со автомобилот, iPhone му го спасил животот

Човек паднал од карпа со автомобилот во Калифорнија и колку и да звучи страшно, iPhone 14 на возачот му викнал брза помош и му го спасил животот од несреќата. Поради несреќата човекот крварел од главата, а според CBS Los Angeles автомобилот паднал од карпа висока 120 метри.

Полицијата потврдува дека биле во контакт со комуникацискиот центар на iPhone во 22:30 минатиот петок. iPhone 14 го спасил животот на човекот благодарение на Crash Detection опцијата и Emergency SOS преку сателитот. На тој начин спасувачите ја откриле локацијата на возачот. Мобилниот телефон изгледа дека изгубил мрежа, но iPhone испратил итна порака преку сателитот на Apple iPhone центарот за комуникација со GPS координати на автомобилот. Откако текстот бил испратен, операторот веднаш му јавил на центарот за итна интервенција.