Sony Xperia XZ2 Premium има супер остар 4K дисплеј и двојна задна камера

Објавено на 16.04.2018 во Новости



Sony Xperia XZ2 Premium има супер остар 4K дисплеј и двојна задна камера

Sony официјално го претстави својот најдобар смартфон досега, односно „премиум“ изведбата на XZ2, кој донесува неколку важни подобрувања во однос на тој модел. Всушност, тие подобрувања не само што го прават значително подобар модел од обичниот XZ2, туку со нив тој станува и жесток конкурент на Apple, Samsung и Huawei во битката за најдобар смартфон од високата класа.

XZ2 Premium е единствениот смартфон во високата класа со 4K дисплеј, што е многу повисока резолуција во однос на директните конкуренти. Екранот инаку мери 5,8 инчи во дијагонала и е LCD технологија, а има поддршка за 4K HDR видео и е 30% посветол во однос на другите LCD екрани на Sony досега. 

Екранот сигурно ќе биде најимпресивниот дел од новиот XZ2 Premium, но од Sony ги нагласуваат и подобрувањата во задната камера. За прв пат кај Sony модел таа е двојна и вклучува сензор во боја од 19 мегапиксели и црно бел сензор од 12 мегапиксели, слично на комбинацијата на телефоните на Huawei и Nokia. 

Според Sony, благодарение на овие две камери, XZ2 Premium ќе биде најспособниот модел во ноќни услови на сликање, за што зборува и максималната сензитивност од ISO 51.200 при фотографирање, односно ISO 12.800 при снимање видео. Ова дефинитивно ќе биде смартфон кој ќе може да гледа во темница. Воедно, XZ2 Premium ќе може да снима забавено видео со 960 слики во секунда во Full HD резолуција – конкуренцијата може да снима само во HD резолуција, а ќе има и способна предна камера со 13 мегапиксели.

Sony XZ2 Premium инаку ќе има вграден Snapdragon 845 процесор, помогнат од 6 GB рам меморија, што би требало да е доволно за брза и мазна работа. Батеријата пак ќе има големина од 3.540 mAh и ќе биде интересно да се види колку ќе може да издржи со 4K дисплеј. Нормално, XZ2 Premium доаѓа со вграден Android Oreo 8.0, со минималистички скин на Sony врз него, кој не би требал премногу да го промени корисничкото искуство.

Засега нема информација за цената на XZ2 Premium, но со оглед на тоа што XZ2 чини над 800 евра, може да очекуваме Premium моделот да чини 100-200 евра повеќе.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}