LG Stylo 4 (Q Stylus) ќе биде голем телефон со лесно пристапна цена

Објавено на 01.07.2018 во Новости



LG Stylo 4 (Q Stylus) ќе биде голем телефон со лесно пристапна цена

Cricket Wireless, припејд брендот на AT&T најави дека ќе го објави новиот LG смартфон - LG Stylo 4. Уредот во американската верзија ќе биде LG Q Stylus. Cricket веќе започна со продажба на LG Stylo 4 на 29 јуни, за цена од $229.99. 

Ова воопшто не е лоша цена како за телефон со огромен 6.2-инчен дисплеј и резолуција од 1080 x 2160 пиксели, со стилус и неколку наменски апликации: Pen Pop, Gif Capture, Screen-off Memo, и други. Stylo 4 има Android 8 Oreo оперативен систем, 8 јадрен Snapdragon 450 процесор, 3GB RAM меморија + 32GB внатрешна меморија, скенер за отпечатоци на прсти, 13MP задна камера и 5MP предна камера. Уредот ќе има батерија со капацитет од 3300mAh и технологија за брзо полнење. LG Stylo 4 ќе биде достапен на Cricket во две бои: црна и металик лаванда. 





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}