Откриени батериите на сите три Samsung Galaxy S10 модели
Објавено на 06.01.2019 во Новости

Samsung Mobile годинава ќе направи надградба на батериите на трите модели на претстојниот Samsung Galaxy S10 смартфон, но капацитетот нема премногу да порасне поучени од лошото искуство со погрешните проценки за фаблетот Samsung Galaxy Note 7 кој имаше експлозивна батерија.
Според најновите информации основниот или почетен модел Samsung Galaxy S10 Lite со 5,8 инчен екран ќе има батерија со капацитет од 3100 mAh, потоа главниот модел на Samsung Galaxy S10 со 6,1 инчен екран ќе има солидна батерија со капацитет од 3500 mAh, додека пак најголемиот Samsung Galaxy S10 Plus со 6,4 инчен екран ќе има огромна батерија со капацитет од 4000 mAh.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.