Картичката на Google ќе го олесни пребарувањето на интернет

Објавено на 14.01.2019 во Новости



Картичката на Google ќе го олесни пребарувањето на интернет

За време на повторното пребарување на одредени поими Google ќе ви ја прикаже историјата на пребарувањето на истите или сличните поими и порано отворени линкови поврзани за таа историја на пребарувањето. Google минатата година најави таканаречена картичка за активност, новитет што на корисниците ќе им го олесни пребарувањето на интернет на мобилните уреди. 

Картичката за активност од оваа недела е достапна за дел од корисниците на мобилната интернет страница на Google и апликацијата за смартфони, но само во САД на англиски јазик. Се разбира, со текот на времето ќе стане достапна и за сите други пазари. Google ќе ги потсетува корисниците за претходните страници што ги заборавиле, односно ќе ја имате историјата на пребарувањето и ќе ви се предложуваат слични постови за пребарување. 

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}