Miselu Neiro – синтисајзер на Android

Објавено на 16.03.2012 во Новости



Miselu Neiro – синтисајзер на Android

 

Miselu Neiro е интересен уред кој од една страна се однесува како таблет, а од друга страна има клавијатура со две октави.

Овој уред работи на Android Gingerbread , преку неговиот екран на допир, и се поврзува на интернет преку WiFi, па дури има и Bluetooth конекција и веб-камера.

Од техничка гледна точка, Miselu Neiro има аудио I/O, MIDI I/O, два USB портови, HDMI порт и  слот за SD картичка

Иако, искррено, не се знае точната намена на ваквиот уред, сепак интересно е да се види како и до каде размислува човечкиот ум правејќи вакви споеви.





Прочитајте повеќе: