Sony Xperia GX и Xperia SX дебитираат на видео

Објавено на 17.05.2012 во Новости



Sony Xperia GX и Xperia SX дебитираат на видео

Во оваа вест ви носиме промотивните видеа за новите смартфони од Xperia линијата, кои прво ќе се појават во Јапонија, а подоцна и во остатокот од светот.

Се работи за новиот најдобар телефон на Sony, насловен како  Sony Xperia GX, и неговиот „брат“ со нешто послаби перформанси, наменет за средна класа, Xperia SX.

Видеото за Xperia GX ни покажува одличен телефон со многу убав дизајн, елегантни линии и наводно камера од 13 МП.

Sony Xperia SX е интересно телефонче, со избор на маска во повеќе бои и исто интересен дизајн. Но, засега нема никакви информации за перформансите на двата смартфони.