И покрај ембаргото во Иран се продава iPhone

Објавено на 17.07.2012 во Новости



И покрај ембаргото во Иран се продава iPhone

Покрај тоа што САД и ЕУ воведоа санкции врз Иран, кој никако не сака да се откаже од својата нуклеарна програма, сепак најбараниот смартфон на светот, некако успева да го најде својот пат во оваа арапска земја.

Нелегалната трговија на црно е широка развиена кога некоја држава е под санкции, па тој момент го искористиле „компании“ како Radan Mac и Apple Iran, кои наголемо препродаваат смартфони од Apple во земјата на Ахмадинеџад.

Трговците на црно не ги спречува ништо. Ниту засилените санкции, ниту плаќањето сo сега веќе девалвираната иранска валута риал. Освен проблеми со плаќањето, друга мака е што во Иран е забрането речиси се што е американско, вклучувајќи го пристапот до апликациите за iPhone во App Store, како и забавната содржина во iThunes.

Без оглед на сите проблеми и пречки, бизнисот за Radan Mac и Apple Iran никогаш не бил подобар, а интересот за производите на Apple постојано расте.





Прочитајте повеќе: