3D City View и Tour Guide пристигнуваат на iOS

Објавено на 28.07.2012 во Новости



3D City View и Tour Guide пристигнуваат на iOS

Google's 3D City View функцијата е достапна за iOS – надградба од Google која додава три-димензионално визуализирање на неколку локации во САД.

Поточно, се работи за Вашингтин, Сан Франциско и Бостон, при што корисниците на iOS имаат можност да уживаат во овие 3D „визуализирања“ на градовите.

Сепак, 3D мапите бараат и малку посилен хардвер – нешто како моќта на iPhone 4S, iPad 2 или третата генерација на iPad, но другите корисници на уредите со iOS (4.2 или понова верзија) ќе можат да пристапат до придружната особина: Tour Guide – односно водич низ градовите.