Сите таблети и смартфонни на Sony под Xperia брендот

Објавено на 01.08.2012 во Новости



Сите таблети и смартфонни на Sony под Xperia брендот

 

Деновиве се појави нов 9,4 инчен таблет на Sony со името Xperia – дел од планот на Sony да ги обедини сите таблети и смартфонни под Xperia брендот.

Иако сè уште не официјално објавен, на интернет веќе има многу податоци за него. Се работи за таблет со четири-јадрен Tegra 3 процесор и дисплеј со резолуција од 1280x800 пиксели и дебелина на таблетот од само 8,8 мм што е за пофала.

Од позади ќе го краси камера од 8 МП и батерија од 6000mAh која би требало да обезбеди 10 часа постојано сурфање на интернет и Android ICS OS или можеби уште поновата 4.1 верзија.

Таблетот Xperia се очекува на пазарот да дојде во септември по цена од 450 долари за верзија со 16GB меморија, 550 долари за 32GB и 650 долари за онаа со 64GB.