Купи смартфон, земи таблет гратис

Објавено на 12.08.2012 во Новости



Купи смартфон, земи таблет гратис

 

Одличен потег направи американскиот оператор Sprint кој воведе нова понуда, која вели за било кој купен смартфон, добиваш гратис таблет. Оваа понуда почнува да важи од денес, 12 август. Според нивниот официјален сајт, за било кој купен смартфон го добивате ZTE Optik Tablet бесплатно.

Оваа понуда на третиот оператор по големина во САД ќе важи до 30 септември, а е продолжение на низа слични чекори, кои подразбираа драстични намалувања, пред се на најдобрите смартфони, за кои веќе и објавивме, но ова е прва ваква вест, каде се доделува гратис таблет.

ZTE Optik Tablet е солиден уред. Поседува екран со средна големина од 7 инчи, Qualcomm 1.2 Ghz dual-core процесор, 1GB RAM, 16 GB меморија и батерија 4000 mAh Li-ion. 





Прочитајте повеќе: