Нов неочекуван Droid од Motorola

Објавено на 29.08.2012 во Новости



Нов неочекуван Droid од Motorola

Едни од најдобрите смартфони што некогаш ги произвела компанијата Motorola се секако Droid уредите, но она што сите го очекуваат е нов телефон со врвни карактеристики, бидејќи серијата веќе е застарена. Затоа долго се чека на Motorola Droid RAZR HD, но на негово место доаѓа уште еден просечен уред, наречен Motorola Droid RAZR M.

Motorola Droid RAZR M е дел од високата средна класа и поседува квалитетен хардвер, но ништо од тоа не е спектакуларно што би го однела на самиот врв, а токму тоа е целта на идниот Droid. Motorola Droid RAZR поседува 4.3 инчен qHD Super AMOLED Advanced екран, под „хаубата“ се наоѓа двојадрениот Qualcomm Snapdragon S4 процесор, главна камера со 8 мегапиксели и предна камера со изненадувачки високи 3 мегапиксели, а за софтверот е задолжен Android 4.0.

Полека станува очигледно дека Droid серијата избледува со вклучување на повеќе просечни телефони, без некоја поголема инветивност. Што се однесува на новиот премиум смартфон Motorola Droid RAZR HD се очекува и натаму да се појави на 5 септември. Сепак појавата на Droid RAZR M покажува дека можни се изненадувања.