Nexus 7 хакиран снима видеа со висока резолуција

Објавено на 11.09.2012 во Новости



Nexus 7 хакиран снима видеа со висока резолуција

Таблетот на Google Nexus 7 е еден од најефтините на пазарот, а негов главен недостаток е камерата. Сепак, хакери од XDA Developers нашле начин како предната камера на Nexus 7да снима видеа со висока резолуција од 720 пиксели.

Овој ефтин таблет на Google кој го создадоа со Asus има повеќе компромиси во хардверот пред се поради ниската цена од 200 долари. Еден од тие недостатоци е немањето на главна камера, додека предната камера има резолуција од 1.2 мегапиксели можност за снимање на видеа до 480 пиксели. Еден од хакерите објави начин како да влезете во менито и да го приспособите таблетот да снима видеа со висока резолуција од 720 пиксели.

Од овој линк може да погледнете како се прави тоа.