Android 12 официјално пристигнува на почетокот на октомври

Објавено на 17.09.2021 во Android



Android 12 официјално пристигнува на почетокот на октомври

Новата верзија на Android се уште точно не е објавено кога ќе пристигне, но се шпекулира дека тоа ќе биде на почетокот во октомври. Претходните верзии на Android (10 и 11) излегоа во септември 2019 и септември 2020 година, но од Google за сега молчат кога официјално излегува Android 12.

Според интерни документи од странциата XDA Developer, Google наводно цели со објавата на 4 октомври. Датата на овие документи се однесува за изворниот код на Android Open Source Project (AOSP), односно отворениот код на Android. Android 12 би требало да биде покомплексен и поголем оперативен систем од претходните, со нов кориснички интерфејс за Pixel, но и GKI, т.е. Generic Kernel Image, што ќе ги соедени различните Android Linux кернели на различни уреди. Се спомнува и новиот систем за заштита на приватноста на корисниците, оптимизација на перформансите и многу промени што просечните корисници нема да ги видат, но ќе ги почувствуваат во користењето.

Автор: Aleksandar Stankov