Microsoft ветува 100.000 апликации за почеток

Објавено на 12.10.2012 во Новости



Microsoft ветува 100.000 апликации за почеток

Кит Лоризио, Заменик претседателот на Microsoft задолжен за продажба и маркетинг, најави дека од лансирањето на новиот оперативен систем Windows 8 до месец фебруари на корисниците ќе им бидат достапни 100.000 апликации, како одличен старт на освежената платформа за смартфони и таблети.

Предвидувањата на Лоризио се дека до средината на 2013-та ќе бидат активирани речиси 400 милиони уреди со OS Windows 8 и затоа е од голема важност корисниците да имаат богат и интегриран систем на апликации во Marketplace.

Сепак мал недостаток е што нема да има достапност за апликации кои се означени за возраст над 16 години, што значи дека нема да има присуство на насилни видео игри, нешто што многу ќе им недостига на гејмерите. За да инсталирате вакви игри тоа ќе треба да го направите со содржини кои се вон рамките на Marketplace.