ASUS го претстави Padfone 2

Објавено на 17.10.2012 во Новости



ASUS го претстави Padfone 2

ASUS во Тајван ја претстави втората верзија на нивната комбинација од смартфон и таблет, наречена Padfone 2.

Што се однесува до телефонот, Padfone 2 има 4,7 Super IPS+ дисплеј со резолуција од 720p, четири-јадрен процесор на 1.5GHz, 2GB RAM, камера од 13 МП со f/2.4 BSI сензор и видео снимање од 1080p30.

Padfone 2 користи и NFC технологија, ќе има батерија од 2,140mAh и ќе доаѓа од Android 4.0 Ice Cream Sandwich, а најавена е и надградба во Jelly Bean.

На страната на таблетот, добивате 10,1 инчен IPS HD дисплеј со вградена внатрешна батерија која има моќност од дури 6,600mAh – опретходниот модел имаше 5,000mAh.

Поради оваа промена, Padfone 2 тежи 649g со се телефонот вграден во него.

Што се однесува до цената, верзијата од 32GB меморија во Европа ќе чини 800 евра, додека моделот од 64GB ќе чини 900 евра.