XBox SmartGlass е сосема нов концепт

Објавено на 23.10.2012 во Новости



XBox SmartGlass е сосема нов концепт

Веќе подолго време се дискутира како ќе изгледаат наследниците на најпопуларните гејмерски конзоли меѓу кои и XBox 360 на Microsoft, но воопшто нема никакви официјални најави за нови уреди. Затоа пак од Microsoft  доаѓа XBox SmartGlass апликацијата која ветува многу.

Наместо нова гејмерска конзола ни доаѓа апликација која ќе овозможи интеграција на различните електорнски уреди кои ќе работат со оперативниот систем Windows Phone 8. Со апликацијата SmartGlass се овозможува поврзување на XBox заедно со било кој друг Windows уред, како таблет или смартфон.

Можностите за споделување на содржините се неограничени. Со апликацијата може да се искористи целиот пристап до интернетот и датотеките со забавни содржини кои ќе може да ги прегледувате преку конзолата за играње XBox. Од следното видео погледнете накратко што се ќе биде овозможено преку апликацијата SmartGlass.