Samsung со флексибилен екран на CES 2013

Објавено на 21.12.2012 во Новости



Samsung со флексибилен екран на CES 2013

 

Samsung досега неколку пати ги имаше претставувано флексибилните екрани со одреден степен на свиткување на CES и други изложби, но дефинитивно најдобриот од нив бил претставен минатата година во Лас Вегас на CES 2012 со пластична подлога и 4.5-инчен WVGA екран.

Она што е уште поспектакуларно и возбудливо е одржувањето на CES 2013 за само две недели, каде што Samsung најавија покажување на примероци од најдобриот флексибилен дисплеј со 5.5-инчен 1280x720 HD екран кој што може да се свитка и да прави јога вежби. Прекрасно, нели? Компанијата, исто така, наводно ќе претстави и 55-инчен флексибилен екран за телевизори, што укажува дека технологијата со екрани што се свиткуваат напредува одлично.