Android со нови празнични позадини

Објавено на 24.12.2012 во Новости



Android со нови празнични позадини

 

Еден од најкористените оперативни системи за мобилен ги промовираше новите празнични позадини. Сликите со новогодишни и божиќни мотиви се надополнети со зелениот дроид кој е заштитен знак на платформата на Google.

Празничната еуфорија и расположение полека се зголемуваат како што се ближи денот за испраќање и дочек на новата година, а истото расположение може да го пренесете и на вашиот смартфон, таблет или компјутер.

Позадините кои ги промовираше Android може да ги искористите и како новогодишна картичка и да им ја честитате Новата година и божиќните празници на вашите најблиски.