Archos го презентираше таблетот Titanium HD

Објавено на 26.12.2012 во Новости



Archos го презентираше таблетот Titanium HD

Француската компанија која полека се пробива на пазарот на таблети презентираше нов уред со големина на екранот од 7 инчи наречен Archos 97 Titanium HD таблет.

Archos 97 Titanium HD Archos 97 Titanium HD

Овој нов уред на Archos ќе има IPS екран со дијагонала од 7 инчи и резолуција од 2048 х 1536 пиксели со висока густина на сликата од 264 пиксели со што сериозно се приближува до најпознатите конкуренти како што се iPad mini и Google Nexus 7. Покрај одличниот екран, таблетот  е опремен и со двојадрен процесор со брзина од 1.6 GHz, 1 GB RAM и 8 GB вградена меморија, со можност за надополнување до 64 GB преку microSD мемориска картичка.

Archos 97 Titanium HD Archos 97 Titanium HD

Archos 97 Titanium HD поседува и главна камера со сензор од 5 мегапикели, како и одлична предна камера со 2 мегапиксели. За оперативниот систем се грижи новата Jelly Bean верзија на Android.