Archos со Platinum смартфони за 100 евра

Објавено на 30.09.2014 во Новости



Archos со Platinum смартфони за 100 евра

Archos е бренд кој постојано лансира еден куп нови смартфони во ниската класа со мали подобрувања во хардверот надевајќи се дека ќе стиге до поголем број на купувачи. Мора да се признае дека за цени до 6000 денари тоа може и навистина да им успее бидејќи за овие пари може да ги купите двата нови Platinum смартфони.
 
 
Archos Platinum 45c е помал со 4.5 инчен дисплеј со WVGA резолуција од 480 х 854 пиксели, работи на четири-јадрен MediaTek процесор од 1.3 GHz, со 512 MB RAM, 4 GB меморијa, microSD мемориска со капацитет од 64 GB, 5 мегапикселна камера и батерија со капацитет од 1700 mAh.
 
 
Поголемиот во оваа серија Archos Platinum 50b доаѓа со 5 инчен qHD дисплеј со резолуција од 540 х 960 пиксели, работи на истиот четири-јадрен MediaTek процесор, 512 MB RAM, 4 GB меморијa, microSD мемориска картика, но со поголема батерија од 1900mAh и 8 мегапикселна камера. 
 
 
Archos Platinum 50b подржува 3G, Wi-Fi и Bluetooth конекции, работи со две SIM картички, додека пак задната маска може да ја замените со три различни прекривки кои доаѓаат во пакет.