Alcatel го напаѓа Nexus 7 со поевтин таблет

Објавено на 09.01.2013 во Новости



Alcatel го напаѓа Nexus 7 со поевтин таблет

Компанијата Alcatel е меѓу последните кои лансираа сопствен таблет со големина од 7 инчи и оперативен систем Android 4.1 Jelly Bean, како директен конкурент на Nexus 7, но со нешто пониска цена.

Alcatel OneTouch EVO 7 HD е новиот таблет кој ќе може да го симне од тронот Nexus 7 со оглед на тоа што поседува речиси идентични карактеристики. Кај него ќе најдете дво-јадрен процесор со брзина од 1.6 GHz, 1 GB RAM, 4 GB вградена меморија со слот за microSD до 32 GB, како и екран од 7 инчи со резолуција од 1280 х 800 пиксели.

Таблетот има главна камера од 3 мегапиксели и предна VGA камера, за поврзување достапни се Wi-Fi и 3G/4G конекција со функција на мобилен телефон, како и стандарните Bluetooth и USB. Неговата цена во Европа се очекува да изнесува околу 120 евра.