Nokia Drive+ сега достапна за сите корисници на WP 8

Објавено на 24.01.2013 во Новости



Nokia Drive+ сега достапна за сите корисници на WP 8

 

Microsoft и Nokia ја направија достапна Nokia Drive+ за сите корисници на Windows Phone 8. Оваа извонредна апликација за навигација е бесплатна и е сега достапна во Windows Phone Store.

Апликацијата беше пробна определен период сѐ додека Nokia не ги среди сите работи, но и покрај тоа, таа е една од најдобрите навигациски апликации на било која платформа. Nokia Drive+ е дел од "Nokia Experience", ексклузивно за хардверот на финскиот производител.

Сега за сега, оваа апликација е достапна за корисниците на Windows Phone 8 во Америка, Канада и Велика Британија, но наскоро се очекува да биде достапна и во останатиот дел од светот, па и кај нас.