Jailbrеak за смартфон станува незаконски

Објавено на 25.01.2013 во Новости



Jailbrеak за смартфон станува незаконски

Овој викенд во САД може да биде донесена одлука со која отклучувањето на смартфонот или познато како Jailbrеak може да стане незаконско доколку претходно не добиете согласност од операторот кој ви го продал уредот.

Идејата за законска санкција на отклучувањето на смартфонот без дозвола е стара неколку години, но досега не беше усвоена. Нов обид за такбо нешто ќе има во сабота 26 јануари. Според одлуката на Американската канцеларија против плагијаторство сопствениците на смартфони немаат право да го менуваат софтверот, бидејќи тоа право го задржува само операторот.

Одлуката нема да важи за уреди кои операторите претходно ги продаваат со отклучени SIM картички. Секако јавноста во САД е против носењето на ваквата одлука. Доколку овој план навистина се спроведе ќе биде интересно да се види дали сличен потег ќе биде превземен и во Европските држави.