Microsoft го напаѓа Samsung со нова реклама

Објавено на 20.03.2013 во Новости



Microsoft го напаѓа Samsung со нова реклама

 

Во оваа доста силна маркетинг одлука, Microsoft одлучи да се соочи со Samsung задавајќи му силен удар преку новата реклама во која смартфонот Galaxy S III губи во играта. Сепак, поранешниот претставник на корејската компанија веќе година дена е на пазарот, но наскоро ќе биде заменет со најновиот модел Galaxy S IV па за месец дена ќе го видиме квалитетот и на неговата камера.

Во видеото, претставникот на Microsoft им приоѓа на двајца “случајни” сопственици на Galaxy S III кој им покажува како Nokia Lumia 920 прави многу подобри слики од нивните сегашни телефони. На крајот на рекламата, двајцата одлучуваат да го заменат Galaxy S III со Lumia 920 откако ќе видат само една слика со новиот уред. Целото видео погледнете го овде: 

Автор: Aleksandar Stankov