Archos ќе ја освои Европа со евтини смартфони

Објавено на 18.04.2013 во Новости



Archos ќе ја освои Европа со евтини смартфони

 

Archos е француски производител кој во последниот период е многу активен со понуда на најразлични смартфони и таблети во сите категории. Планот на Archos е да ја освои Европа со четири нови евтини смартфони.

Меѓу нив се наоѓа најмалиот Archos Carbon 35 со големина на екранот од 3.5 инчи со еднојадрен процесор Mediatek со брзина од 1 GHz, 5 MP камера и оперативен систем Android 4.0 Ice Cream Sandwich. Archos Titanium 4 e следен во низата и поседува екран од 4 инчи, како и подобар дво-јадрен процесор од 1.2GHz.

Archos Titanium 52 најмногу се истакнува во оваа понуда со големина на екранот од 5.2 инчи, но освен екранот не може да се пофали со многу добри компоненти. Најсилен во ова друштво е Archos Platinum 48 кој има четири-јадрен процесор и е единствен во оваа понуда кој работи на оперативниот систем Android 4.1 Jelly Bean.

Archos to roll out four new affordable Android devices, quad-core flagship to cost only $315

Најниската цена ја има Archos Carbon 35 кој ќе чини само 80 евра, додека најдобриот во понудата Archos Platinum 48 ќе чини 240 евра. Смартфоните на Archos ќе се најдат во продажба низ Европа кон почетокот на мај.