LG UltraWide monitor – реална слика што застрашува

Објавено на 20.04.2013 во Новости



LG UltraWide monitor – реална слика што застрашува

Компанијата LG Electronics денеска го претстави новиот вирален интернет клип: Stage Fright – So Real It’s Scary 2 (Трема– Толку вистинско, што застрашува 2), забавен продолжеток на минатогодишната интернет видео сензација - So Real It’s Scary (Толку стварно што е застрашувачко). Слично на оригиналот, продолжетокот ги принудува гледачите да се запрашааат колку всушност е реална сликата на LG IPS мониторите. Со цел да се докаже извонредниот квалитет на IPS сликата, LG во оваа интересна кампања користеше нов IPS 21:9 UltraWide монитор. Снимката може да ја погледнете на следново видео:

Режиран од страна на креативци од компанијата LG задолжени за регионот на Бенелукс, со помош на духовити идеи и скриени камери во јавниот тоалет, клипот Stage Fright – So Real It’s Scary 2 ја потврдува нестварната реалистичност и големите можности на новиот LG монитор заснован на најновата IPS технологија.

LG во моментот е водечки производител во рамки на производството на дисплеи со IPS технологија и креативен дизајн. Како што докажа и виралниот видео клип Fright – So RealIt’s Scary, LG IPS 21:9 UltraWide мониторот пружа неверојатно реалистичен квалитет на сликата на екранот кој е значително поширок од стандардните модели со однос16:9.  Мониторот овозможува поделба на еранот на 4 дела, како и Dual-Link Up технологија која овозможува можност на поврзување на повеќе преносни уреди одеднаш.LG IPS 21:9 UltraWide мониторот исто така прикажува повеќе од 99 отсто од RGB спектарот, пружајќи на тој начин најживописни и најреалистични бои со неверојатна бистрина на сликата. Ова исто така е првиот монитор кој овозможува однос на сликата 21:9, правејќи го идеален за гледање на филмови и играње игри.

Претходно во оваа година, LG IPS 21:9 UltraWide мониторот е награден за iF дизајн за беспрекорен дизајн и најсовремена технологија на приказ на сликата.