Место скара доаѓа BlackBerry Q10

Објавено на 28.04.2013 во Новости



Место скара доаѓа BlackBerry Q10

 

На 1-ви мај е закажана официјалната промоција и пуштање во продажба на новиот смартфон BlackBerry Q10 кој е втор во серијата со оперативен систем BlackBerry 10 и ќе има традиционална физичка QWERTY тастатура.
 
 
Како и секогаш моќта на BlackBerry лежи токму во добро позната физичка QWERTY тастатура која сеуште им пркоси на смартфоните со целосен екран на допир. Инаку BlackBerry Q10 ќе ја започне својата одисеја во домашната Канада, а потоа се очекува да биде достапен и на глобалниот пазар.
 
 
Овој смартфон поседува Super AMOLED екран со големина од 3.1 инч со HD резолуција од 720 х 720 пиксели, потоа дво-јадрен процесор од 1.5 GHz, 2 GB RAM, 16 GB ROM, слот за мемориска картичка и 8 мегапикселна камера со LED блиц.
Автор: Aleksandar Stankov