Galaxy S4 лета со беспилотен хеликоптер

Објавено на 10.05.2013 во Новости



Galaxy S4 лета со беспилотен хеликоптер

Samsung ретко прави егзибиции со своите најдобри уреди, но затоа тука се голем број на технолошки авантуристи кои се спремни на секаков подвиг. Од Брашов, Романија доаѓа едно ултра интересно видео.

 
Најновиот супер смартфон Galaxy S4 е прикачен на беспилотен мини хеликоптер кој е управуван со далечински управувач и лебди над површината. Целта на тимот од Samsung Romania е да се прикаже моќта на камерата на Galaxy S4, по сличните егзибиции кои ги правеа повеќе претставници на Nokia, па во продолжение погледнете го резултатот.