Корисниците на смартфони: големината на екранот е важна

Објавено на 11.05.2013 во Новости



Корисниците на смартфони: големината на екранот е важна

Деновите кога корисниците на смартфони им даваа предност на помалите уреди кои одлично се вклопуваат во рака се чини дека поминаа. Сега сѐ е во знакот на поголем и поубав дисплеј.


Најновото истражување спроведено од страна на Strategy Analytics утврди дека корисниците се повеќе ги привлекуваат смартфони со поголеми екрани, потенцирајќи дека трендот кој Samsung го започна со својата серија фаблети на Galaxy Note сепак се одржува.

Генерално, потрошувачите најмногу ја преферираат просечната големина на паметните телефони околу 4.5 инчи во дијагонала на екранот според анкетата направена во втората половина на 2012 годна, односно нешто помеѓу 4-инчниот телефон на Apple - iPhone 5 или 5-инчниот смартфон на Samsung - Galaxy S4.

Исто така, според истражувањето утврдено е дека многу сопственици на паметни телефони имаат футрола која е поголема од нивниот уред бидејќи преферираат прототипи со поголем екран од оној кој што го имаат во моментот.