LG го објави водоотпорниот Optimus GJ

Објавено на 23.05.2013 во Новости



LG го објави водоотпорниот Optimus GJ

 

LG ја прошири својата колекција на паметни телефони со официјалното претставување на Optimus GJ во Тајван. Optimus GJ е надградена верзија на популарниот LG Optimus G, но со отпорност на вода и прашина. Новиот паметен телефон може да издржи до 1 метар вода за период од 30 минути.

Спецификациите на Optimus GJ се доста слични на Optimus G уредот со 4.7-инчен дисплеј на 720p резолуција. Optimus GJ работи со Snapdragon S4 Pro чипсет со 4-јарен процесор со брзина од 1.5 GHz заедно со 2 GB RAM меморија.

Уредот е опремен со 13 мегапикселна задна камера, 1.3 мегапикселна предна камера и 16 GB внатрешна меморија. GJ работи на Android 4.1.2 Jelly Bean и се напојува со батерија од 2.280mAh.

LG Optimus GJ ќе биде сериозен конкурент на ривалите Sony Xperia Z и Xperia ZR. Optimus GJ во моментов е достапен во Тајван со цена од околу 602 американски долари. Сепак, се уште нема информација кога овој паметниот телефон ќе биде достапен во останатите делови на светот.