Asphalt Airborne со графика од која боли глава

Објавено на 13.06.2013 во Игри



Asphalt Airborne со графика од која боли глава

Нема сомневање дека мобилните игри имаат огромен напредок и во делот на графичкиот перформанс ги стигнаа вторите генерации на гејмерските конзоли. Во најава е уште една фантастична игра со тркање Asphalt 8: Airborne која уште сега привлекува огромно внимание.

Во ова најново продолжение трките со автомобили ќе бидат однесени на едно повисоко ниво и како што сугерира самиот наслов ќе има голем број на ефекти со акробации, големи судири и бесни брзини на тркчките патеки со најатрактивните спортски автомобили.

Gameloft најави дека Asphalt 8: Airborne ќе биде подготвена до крајот на летото кога ќе им биде достапни на гејмерите на Android и iOs, а во очекување на оваа одлична тркачка симулација се појави и првото демо видео кое може да ги видите во продолжение.