Познати спецификациите за фаблетот BlackBerry A10

Објавено на 17.07.2013 во Новости



Познати спецификациите за фаблетот BlackBerry A10

Канадската компанија наскоро планира да го претстави својот следен предвнодник, фаблетот BlackBerry A10. Пред неколку дена ја објавивме првата слика од овој телефон, а сега веќе познати се и неговите спецификации.

 BlackBerry A10 ќе има дисплеј од 5 инчи со 720р, 2-јадрен процесор Snapdragon S4 со брзина од 1.7GHz и RAM меморија од 2GB. Исто така,фаблетот доаѓа со главна камера од 8МР, внатрешна меморија од 16GB, LTE конекција, батерија од 2800mAh, NFC, microSD слот за картичка, предна камера од 2МР, како и BlackBerry 10.2 оперативен систем.

BlackBerry A10 се очекува да биде претставен на почетокот на есента, а целосните спецификации можете да ги погледнете подолу.