Sony Xperia M почнува со европска офанзива

Објавено на 14.08.2013 во Новости



Sony Xperia M почнува со европска офанзива

Во текот на овој месец ќе започне да се продава новиот смартфон од средната класа Sony Xperia M и на европско тло. Овој мобилен телефон на јапонската компанија Sony е наменет за широка употреба поради неговата ниска цена која е негов најголем адут, а притоа нуди и одлични перформанси.
 
 
Sony Xperia M е еден од најдобрите смартфони во евтината класа поради тоа што има направено мал број на компромиси. Изненадува квалитетниот хардвер со дво-јадрениот Qualcomm Snapdragon S4 Plus процесор и брзина од 1 GHz, Adreno 305 графика и 1 GB RAM.
 
 
Смартфонот има 4 инчен екран со HD резолуција но, од 720 пиксели, како и 5 мегапикселна камера со новата Exmor RS технологија на сензорот од Sony. За оперативниот систем е употребeнa верзијата на Android 4.1 Jelly Bean. Неговата почетна цена во Европа ќе изнесува околу 300 долари. 
Автор: Aleksandar Stankov