Совети за побрзо полнење на паметниот телефон

Објавено на 11.09.2013 во Новости



Совети за побрзо полнење на паметниот телефон

Доколку сте сопственик на некој паметен телефон, сигурно сте се сретнале со гореспоменатиот проблем. Затоа постојат повеќе совети, кои ќе ви помогнат во решавање на истиот проблем.

Исклучете го уредот

Доколку имате желба да го наполнете паметниот телефон побрзо, исклучете го, со цел да не троши енергија во текот на полнењето. Ако не сакате, тогаш барем ставете го во Airplane Mode, бидејќи така нема активно да бара мобилна мрежа или Wi-Fi, па побрзо ќе се наполне.

Користете адаптер за полнење

Секој уред доаѓа со полнач, односно адаптер кој со телефонот се конектира со USB кабел. Многупати тој USB кабел знае да ни заврши работа и да ја наполне батеријата на телефонот преку лаптоп или статичен компјутер. Но за побрзо полнење на батеријата, заборавете на компјутерот и користете го тој полнач бидејќи тоа е најбрзиот начин за да наполнете телефонот.

Не го изложувајте на топлина

Дали сте знаеле дека способноста на батеријата да го задржи полнењето драстично опаѓа на високи температури? Топлината всушност е најголем непријател на батеријата, затоа обидете се да не го изложувате на сонце кога е на полнење.

Забрзајте го USB полнењето

Ако веќе во моментот единствена опција ви е полнење преку компјутер со USB кабел, еве неколку трикови. Ако станува збор за iPhone, немојте да ја користите опцијата Sync за да го синхронизирате со компјутерот. Штом го конектирате, веднаш исклучете ја програмата iTunes. Ако пак го полните телефонот на лаптоп компјутер, ослободете ги останатите USB влезови за да влечете што помалку енергија додека се полни вашиот телефон.

Одржување на батеријата

Барем еднаш месечно испразнете ја батеријата до крај и наполнете ја до крај. Тој циклус е идеален за одржување на векот на вашата батерија.