Полнење на батерија без никаков физички контакт

Објавено на 20.09.2013 во Новости



Полнење на батерија без никаков физички контакт

Извршниот директор на компанијата Ossia, а воедно и физичар по занимање, Hatem Zeine успешно демонстрирање полнење на iPhone со помош на Cota прототип, кој претставува нова технологија за полнење. Сетоа тоа се случување на одалеченост од неколку метри од станицата за полнење.

Тајната на ваквата модерна технологија е испраќањето на магнетни бранови со фрекфенција од 2.4 гигахерци , која техника веќе се користи во Wireless и Bluetooth.

Иако оваа изгледа фантастично, сепак некој од вас ќе се запраша за безбедноста на оваа технологија. Важно е да се напомене, а истото го тврди и Zeine дека овој уред пренесува само еден ват, што во споредба со емитирањето на паметните телефони претставува само една третина. Затоа немојте да биде загрижени за негативните влијанија.

Многу важна работа што треба да се каже е тоа дека една базна станица може да напојува повеќе уреди во исто време.

Исто како што е случајот со Wi-Fi Hotspot, така и со Cota технологијата можете да овозможите повеќе уреди да користат еден Cota уред. За таа цел ќе мора уредите кои треба да се полнат да бидат на оддалеченост највеќе од девет метри.

 

 

Ѓорѓи Грговски