Се очекува излегување на новиот Archos Gamepad 2 со четиријадрен процесор

Објавено на 25.09.2013 во Новости



Се очекува излегување на новиот Archos Gamepad 2 со четиријадрен процесор

Првата верзија на ARCHOS GamePad никогаш не беше многу популарен и успешен уред , но сепак луѓето од Archos одлучија да направат продолжение на истата. Новиот Gamepad 2 неодамна беше забележан на веб страната на HKDTC, каде што беше претставен со убав и јасен поглед на уредот и некои негови рани спецификации. Иако страната ја пробија, сепак пошироката јавност успеја да ги забележи информациите.

На страната на HKDTC, беше споменато дека овој уред ќе носи четиријадрен процесор, кој ќе работи со фрекфенција од 1.6 гигахерци, екран со резолуција од 1280 х 800 пиксели, 2 гигабајти рам меморија и 8 или 16 гигабајти внатрешна меморија со можност за дополнителна microSD картичка. Се претпоставува дека ќе го носи Jelly Bean оперативен систем, меѓутоа не се знае за која верзија поточно ќе стане збор.

Gamepad 2 би требало да поседува комплетен пакет од предни копчиња заедно со копчиња за дирекција и дополнителни два аналога. Исто така можете да забележите и пар копчиња кои се наоѓаат на горниот дел од уредот, кои што најверојатно се направени од ист јасен материјал како што се копчињата на PlayStation Vita.

Поради тоа што почна уредот да се појавува на различни веб страни, се претпоставува дека наскоро Archos ќе мора да го објави својот нов производ. Ќе мора да почекаме за официјалните детали и за цената на Gamepad 2 и да се увериме за што конкретно ќе стане збор и ќе биде претставено на јавноста, доколку не се здружат со Nvidia Shield.

 

 

Ѓорѓи Грговски