Amazon со нови логистички центри во Чешка и Полска

Објавено на 01.10.2013 во Новости



Amazon со нови логистички центри во Чешка и Полска

Откако во Мај и Јуни 2013 година неколку стотици вработени во дистрибуцискиот сектор во Amazon од германскиот логистички центар почнаа да штрајкуваат поради тоа што американската компанија Amazon одби да им плати соодветно за нивната работа, од раководството решија да ги преселат своите центри во Чешка и Полска. Секој од новите центри ќе биде со површина од околу 100.000 метри квадратни и ќе чини меѓу 50 и 60 милиони евра.

Официјалното лице на регионалната Агенција за развој, Ewa Kaucz во градот Вроцлав изјавила за медиумите во Полска дека навистина се водат преговори, но не е донесена завршна одлука. Според информациите два од логистичките центри на Amazon може да бидат отворени во близина на Вроцлав, а третиот е во план да се гради во близина на северниот град Познан.

Ако овие идеи се реализираат, тоа ќе значи нови 6.000 работни места за Полјаците. Првиот центар може да се отвори уште следната година и тој ќе служи за Западна Европа. Другите два центри ќе бидат во Чешка. Но според одредени медиуми Amazon има планови да го укине едниот од центрите во близина на меѓународниот аеродром на Прага.

Во Германија Amazon е сериозен работодавец, а за компанијата работат околу 9.000 луѓе во 8 логистички центари, два центри за работа со клиенти, а во главниот град на Баварија – Минхен е седиштето на компанијата.

 

Ѓорѓи Грговски





Прочитајте повеќе: