Како да го забрзате стариот iPhone

Објавено на 13.11.2013 во iOs



Како да го забрзате стариот iPhone

Доколку поседувате iPhone 4, 4s или iPhone 5 сигурно сте ја направиле надградбата на оперативниот систем до верзијата iOs 7 која со себе носи голем број на визуелни промени и додатоци кои го забавуваат вашиот смартфон. Затоа ви посочуваме неколку едноставни совети за забрзување на операциите на стариот уред.
 
 
Бидејќи главните причнини за бавните реакции лежат во големиот број на визуелни трикови на iOs 7 може да ги исклучите преку апликацијата Settings во менито General, па потоа во менито Accessibility.
 
 
Тука има две опции кои треба да ги активирате, првата е Increase Contrast која треба да ја вклучите за намалување на замаглувањето на сликата како непотребен ефект, а втората е Reduce Motion со која ќе се исклучат сите непотребни анимации и транзиции низ менито.