Големи проблеми за Samsung Galaxy S III по надградбата

Објавено на 14.11.2013 во Новости



Големи проблеми за Samsung Galaxy S III по надградбата

Samsung Galaxy S III пред една недела и официјално ја доби надградбата на оперативниот систем со најновата достапна верзија на Android 4.3 Jelly Bean и иако беа најавувани голем број на промени и подобрувања, корисниците се жалат на појава на бројни недостатоци.
 
 
Најпрво има голем број на жалби за намалениот капацитет на батеријата која многу брзо се троши. Многу смартфони по надградбата на системот имаат ваков проблем, бидејќи корисниците сакаат да проверат што е ново, но со Samsung Galaxy S III не е само тоа.
 
 
Тоа што е повеќе загрижувачки е што е загрозена работата на смартфонот, апликациите се кочат и гасат, а откако ќе се блокира уредот единствен начин да го рестартирате е да ја извадите батеријата, што секако го активира алармот за загриженост. 
 
Сеуште нема изнесено официјален став од Samsung дали проблемот е реален и доколку е така дали ќе следи нова софтверска надградба за решавање на овие недостатоци.
Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: