За кутијата на iPhone 5s на eBay плаќаат 200 долари

Објавено на 17.11.2013 во Новости



За кутијата на iPhone 5s на eBay плаќаат 200 долари

Се појави уште една интересна и необична приказна поврзана со елктронските аукиции кои се одржуваат на eBay и се поврзани со iPhone. Еден корисник ја поставил само кутијата на iPhone 5s и досега наддавањето достигнло над 200 долари.

The box for the 16GB Gold Apple iPhone 5s is being auctioned off on eBay

Не се работи за некаква измама бидејќи продавачот убаво наведол во огласот дека понудата е само за кутијата заедно со додатоците како слушалките и кабелот, без телефонот iPhone 5s, но и покрај тоа стигнуваат понуди за откуп кои достигнаа вредност од 227 долари.

Слична приказна на eBay се појави пред еден месец кога постоеше златната треска за овој смартфон и еден корисник успеа да го продаде својот златен iPhone 5s за 10.000 долари, што сериозно го поставува прашањето кои се луѓето кои без потреба трошат огромни пари на глупости.