Пет закон опции на XBox One

Објавено на 23.11.2013 во Новости



Пет закон опции на XBox One

Најновата гејмерска конзола  XBox One на Microsoft влезе во продажба и за само еден ден ја достигна бројката од еден милион продадени примероци речиси идентично како и најголемиот конкурент PlayStation 4. Можеби повеќе сте запознаени со конзолите на Sony, па затоа ви преставуваме дел од кул опциите на XBox One.
 
 
Со оваа конзола може да ги кориситите гласовните команди, а XBox One е постојано вклучен во режим на мала потрошувачка на енергија, па така штом ќе посакате да го активирате тоа може да го направите со гласовната команда "Xbox, on". Освен игра, може да пуштите и филмови или серии, како и телевизиски канали. 
 
 
 
Кога сме веќе кај телевизијата XBox One може да се поврзе со телевизиски сет топ бокс и преку самата конзола да ги активирате сите телевизиски канали кои ќе ви бидат на располагање цело време, додека во позадина системот ќе ве известува со информации поврзани за игрите кои се активирани во мултиплеер и нема да пропуштите ништо.
 
 
Третата фантастична опција на XBox One е можноста за активирање на два екрани истовремено, односно поделба на екранот со играта која ја играте во моментот и со приказ на други апликации на системот како XBox Music за слушање музика или Machinima апликацијата каде се содржани совети за играта, видеа за помош и рецензии.
 
 
Голема предност на XBox One е и можноста за поврзување со останите гејмери ширум светот и споделување на многу моменти од самата игра. Исто така со гласовна команда може да снимите пет минутно видео од најитересните моменти и да го споделите на социјалните мрежи и платформата на XBox.  Во делот на мултиплеер самиот систем има вградено функција наречена Smart Match која пронаѓа играчи со изедначено ниво како вашето што ветува одличен гејминг.
 
 
За на крај се издвојува и самиот џојстик на XBox One кој е многу ергономичен, удобен е за држење и долго играње и исто така има одлична распореденост на копчињата. XBox One се продава по цена од 499 долари и веќе е достапен во САД и повеќе земји од Европа. 
 
Автор
 
Христијан Станоевиќ