Најмоќниот смартфон на светот

Објавено на 29.11.2013 во Новости



Најмоќниот смартфон на светот

Кога ќе помислите кој е најмоќниот смартфон на светот најверојатно првиот одговор ви е Samsung Galaxy S4, iPhone 5s, HTC One или некој друг телефон од врвната конкуренција, но нема да бидете во право бидејќи новиот рекордер е анонимниот Gionee Elife E7.
 
 
Gionee Elife E7 е убедливо најдобриот смартфон ако се погледнат неговите спецификации составени од најновиот четири-јадрен Qualcomm Snapdragon 800 процесор со рекордна брзина од 2.5 GHz комбиниран со 3 GB RAM и 16 мегапикселна камера.
 
 
Смартфонот има 5.5 инчен Full HD екран со резолуција од 1080p, а исто така може да се пофали со квалитетен дизајн и минимална рамка околу дисплејот која изнесува 2.3 милиметри. Gionee Elife E7 се продава само во Кина по цена од 550 долари, а може да се порача преку официјалните дистрибутери.
 
 
Автор
 
Христијан Станоевиќ