LG V10 - Два дисплеја, многу моќ и екстра камера

Објавено на 01.10.2015 во Новости



LG V10 - Два дисплеја, многу моќ и екстра камера

LG Mobile го претстави атрактивниот LG V10 кој ќе биде предводник на новата V серија која полека ќе ја заменува стандардната G серија со многу иновации благодарение токму на вториот дисплеј поставен над главната предна површина. 

The 2.1-inch secondary screen can come in handy

Идејата е да имате двоен поглед на содржините и поефикасна работа, на пример додека гледате видео на главниот екран, на споредниот ќе се појави пристигната порака или известување и нема потреба да ја прекинувате главната активност.

LG V10 доаѓа со 5.7 инчен главен дисплеј со Quad HD резолуција и густина на сликата од 513 ppi, додека пак вториот помошен дисплеј има 2.1 инчи со резолуција од 160 х 1040 и исто така густина од 513 ppi. Помалиот дисплеј не троши воопшто батерија и може слободно да изберете постојано да биде вклучен.

Dura Skin protects your phone from getting scratched

Покрај визуелните иновации од LG V10 може да се пофали и со моќен хардвер составен од шест-јадрен Snapdragon 808 процесор која најдобро одговара на перформансите на LG, потоа огромни 4 GB RAM, 64 GB меморија, како и батерија со капацитет од 3000 mAh која може да се заменува.

Manual Video Mode

LG V10 располага со фантастичен сетап на дуо селфи камера на предната страна со 5 мегапиксели, додека пак главната камера е една од најдобрите со 16 мегапиксели и f/1.8 апаратура на леќата која е речиси идентична како и кај професионалните камери. Пласманот на LG V10 го очекуваме наскоро ширум пазарите во светот, но цената се уште не е откриена.