Nokia Lumia 929 е вистинскиот Windows Phone смартфон

Објавено на 01.12.2013 во Новости



Nokia Lumia 929 е вистинскиот Windows Phone смартфон

Nokia Lumia 929 е планиран како посебен смартфон оваа година наменет за американскиот оператор Verizon кој ќе се продава по многу ниска цена, а истовремено ќе понуди високо квалитетни компоненти, речиси идентично како на фаблетот Nokia Lumia 1520.
 
 
Разликата е во тоа што Nokia Lumia 929 ќе има помал екран од фаблетот со 5 инчи и Full HD резолуција од 1080 x 1920 пиксели и густина на сликата од 441 пиксел на еден инч. Смартфонот се претпоставува дека ќе работи на четири-јадрениот Qualcomm Snapdragon 800 процесор иако сеуште не е официјално потврдено.
 
Промоцијата на Nokia Lumia 929 досега се очекуваше да се случи во ноември, но најверојатно е дека датумот е презакажан за 8-ми декември во САД. Освен за операторорт Verizon во САД фановите сигурно ќе побараат овој одличен смартфон да биде пласиран и на останатите пазари.