Samsung Galaxy S5 со скенер за очи и 2K HD екран

Објавено на 16.12.2013 во Новости



Samsung Galaxy S5 со скенер за очи и 2K HD екран

Според извештајот на ZDNet Korea новиот премиум смартфон Samsung Galaxy S5 ќе биде чудо на технологијата и ќе има 5.3 екран со рекордна резолуција од 2560x1440 пиксели односно, 2K HD стандард, а што е најитересно и скенер за отчитување на рожницата на окото.
 
 
Samsung Galaxy S5 нема да биде првиот 2K HD бидејќи Vivo веќе го најави својот Xplay 3s кој се очекува да се појави кон крајот на месецот, но секако моќта и популарноста на Samsung Galaxy е многу поголем со што одново ќе привлече огромен интерес кај купувачите. 
 
 
Меѓу другото Samsung Galaxy S5 ќе работи на моќен осум-јадрен 64 битен Exynos процесор, со 3 или 4 GB RAM, како и 16 мегапикселна камера. Samsung Galaxy S5 е планирано да биде претставен на MWC 2014 што ќе се одржи кон крајот на февруари со што се потврдуваат информациите за ран пласман на водечкиот мобилен телефон на компанијата.